ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад
Формирано Здружение на неформални собирачи на секундарни суровни

Заради надминување на недостатокот од адекватна социјална и правна заштита на неформалните собирачи на отпад, зајакнување на нивната улога во секторот и подобрување на нивните деловни резултати, Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД ја поддржа иницијативата на неформалните собирачи на отпад да формираат здружение кое ќе работи во насока на исполнување на овие цели на повисоко – институционално ниво. >>>.

Првите неформални собирачи на отпад добиваат правно признание во Македонија
На 9 јуни, 2011, 19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање. >>>
Работилница за трансфер на знаење и размена на искуства за зајакнување на капацитетите на општините за спроведување на Општинска програма за селeкција на ПЕТ од регионот на Пелагонија - Прилеп, 29/04/2011
Работилницата беше фокусирана на следните теми:

* Размена на искуства во спроведувањето на општинската ПЕТ програма за собирање на оптад од пакување во Општина Прилеп,
* Воведување на законот за пакување и отпад од пакување, како предуслов за успешно рециклирање, презентирана од г-ѓа Јадранка Иванова и Ленче Ќурчиева од МЖСПП. >>>
УСАИД поддржува размена на искуства за зајакнување на капацитетите на општините за спроведување на општинска програма за рециклирање ПЕТ амбалажа
На 8 април 2011 година, УСАИД проектот за рециклирање ја организирaше првата од трите работилници фокусирани на размена на искуства помеѓу општините во спроведување на општинската програма за собирање ПЕТ амбалажа и воведувањето на законот за пакување и отпад од пакување. Преставници од  општините, јавните комунални претпријатија, фирми кои произведуваат отпад од пакување и претставници на граѓанското општество од Полошкиот регион-Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште, како и студенти од Штуловиот универзитет од Тетово активно учествуваа во дискусиите на работилницата. Работилницата беше организирана во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во соработка со УСАИД проектот за рециклирање и партнер невладината организација "Сонце" од Тетово. >>>
Огромен интерс од неформалните собирачи на пластичен отпад за обуките организирани од Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика
На 23 февруари 2011, Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика ја организираше првата обука на неформалните собирачи на отпад. Обуката беше орагнизирана во Шуто Оризари, во просториите на невладината орагнизација Дендо Вас, кои што се партнери на проeкетот.
Претставниците на институциите круцијални за процесот на интеграција на неформалните собирачи во формалниот систем за рециклирање на пластика, ги презентираа можностите за соработка, инвестициите кои што претстојат во иднина  и можностите за реализација на соработката со неформалниот сектор. >>>
Започнуваат обуките за неформалните собирачи на отпад
На 23 февруари 2011, среда, Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика започнува со серијата обуки наменети за неформалните собирачи на отпад.  Предвидено е преку обуките неформалните собирачи да ги зајакнат капацитетите по што би следеле инцијативи за самовработување, здружување со цел легализација на собирачките активности како и потпишување на договори со комуналните претпријатија или останатите ентитети вклучени во системот за постапување со отпад.>>>
Основана Национална платформа за поддршка на интеграцијата на неформалните собирачи на пластичен отпад
На 16 февруари 2011, во организација на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика  и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), беше организирана основачка средба на Националната платформа за поддршка на интеграцијата на неформалните собирачи на пластичен и други типови на отпад.>>>
Прва средба на членовите на Националната платформа за инклузија на неформалните собирачи во системот за собирање на смет
Во среда, на 16 февруари 2011, Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика и партнерите ќе организираат прва средба на членовите на Националната платформа за инклузија на неформалните собирачи во системот за собирање на смет.>>>
Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, Министерството за труд и социјална политика и невладините организации на заедничка работна средба
По потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу проектот на УСАИД за рециклирање на пластика  со партнер институциите и невладините организации, на  на 27- ми јануари 2011, се одржа првата работна средба  со претставници  од Министерството за труд и социјална политика.>>>
Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика ја официјализираше соработката со партнерите од невладиниот сектор
На 27 јануари 2011, во просториите на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика потпишан e договор за соработка со четири невладини организации кои што ќе бидат директно вклучени во имплементација на програмата за инклузија на неформалните собирачи на смет во постоечкиот систем за рециклирање и управување со отпад.>>>
Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика потпиша Меморандум за соработка со кој се дефинира поддршката за формализрање и одржливост на активностите на неформалните собирачи на смет
На 27 јануари 2011, Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика потпиша Меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ, Град Скопје/ ЈКП “Комунална Хигиена“ и ПАКОМАК- прва овластена агенција за постапување со отпад од пакување. Со овој дефинираат улогите и обврските на секој од партнер- институциите во процесот на инклузија на неформалните собирачи на смет во формалниот систем за рециклирање и управување со отпад. >>>
Започна третата фаза на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика
Во октомври 2010 започна третата фаза на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика.  Новиот циклус е во целост посветен на инклузија на неформалните собирачи на отпад во постоечкиот систем за рециклирање што ќе се овозможи повисок степен на вработување на преставниците на маргинализираните групи а и ќе се зголеми квалитетот на одржување на чиста животна средина. >>>
|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
    « архива    
Галерија на слики/видео
Контакт