ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад
Формирано Здружение на неформални собирачи на секундарни суровни

Заради надминување на недостатокот од адекватна социјална и правна заштита на неформалните собирачи на отпад, зајакнување на нивната улога во секторот и подобрување на нивните деловни резултати, Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД ја поддржа иницијативата на неформалните собирачи на отпад да формираат здружение кое ќе работи во насока на исполнување на овие цели на повисоко – институционално ниво. Здружението ќе работи кон подобрување на статусот на неформалните собирачи, особено жените, преку подобрена организација и застапување, лобирање за инклузивни политики и рамноправност.
 
На основачкото собрание кое се одржа на 24.06.2011 во Скопје се усвои актот за основање на Здружението на неформални собирачи на секундарни суровини. Здружението го основа првата група од 19 неформални собирачи на отпад кои влегоа во договорни односи со ЈКП Комунална хигиена, за остварување на следните цели:

  • Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата на неформалните собирачи на секундарни суровини
  • Подобрување на нивната благосостојба
  • Застапување и лобирање за неформалните собирачи на секундарни суровини заради нивно вклучување во социјалните процеси.

Здружението на неформални собирачи на секундарни суровини претставува иницијатива која ги спојува сите неформални собирачи без оглед на нивната националност или пол. Програмата на Здружението е повеќедимензионална, а приоритетни области се:
• Вработување
• Станување
• Здравство
• Правни документи
• Образование

 

|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
    « архива    
Галерија на слики/видео
Контакт