ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад
Првите неформални собирачи на отпад добиваат правно признание во Македонија

На 9 јуни, 2011, 19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање.

“За прв пат, активностите на неформалните собирачи на отпад се признаени како официјални деловни активности”, рече директорот за економски развој на УСАИД, Џозеф Лесард. “Индустријата за рециклирање во Македонија има огромен потенцијал не само за да генерира повеќе приходи за собирачите, туку и за додавање вредност и создавање на производи од рециклирани материјали. Преку учествување во тренинг програми, собирачите ќе добијат пошироко познавање нa индустријaта за рециклирање и ќе ги подобрат нивните деловни вештини.”

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, апелираше до сограѓаните да го селектираат отпадот и активно да придонесат за заштита на животната средина. “Градот Скопје постави 116 трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање на отпадна пластика, хартија и лименки. Овие контејнери се распоредени во сите десет скопски општини, со што се создадоа услови граѓаните на Скопје отпадот од пакувања од нивните домаќинства да го селектираат и одложат во наменскиот контејнер поставен на најблиската локација.”

Директорот на ЈКП Комунална хигиена, Ракип Дочи, укажа на придобивките од проектот: “Проектот овозможува да се намалат количините на отпадот од пакувања што инаку завршуваат на депонија, се решава егзистенцијата на неформалните собирачи и доследно се почитуваат законите”.

Мирвет Хаџи – Алија, една од двете жени собирачи на отпад кои потпишаа договор со Комунална хигиена, се заблагодари на УСАИД, Комунална хигиена и Пакомак за дадената можност да станат дел од формалниот систем на рециклирање со што им се зголемува количината на собран материјал, приходите, се намалув ризикот од повреди, заболувања, се подобрува нивната социјална состојба и прифатеност кај населението и институциите. Собирачите добија комплетна заштитна опрема, реон за кој што се одговорни како и клучеви од жичаните контејнери во соодветниот реон.

 

|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
    « архива    
Галерија на слики/видео
Контакт