ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад
Работилница за трансфер на знаење и размена на искуства за зајакнување на капацитетите на општините за спроведување на Општинска програма за селeкција на ПЕТ од регионот на Пелагонија - Прилеп, 29/04/2011

Работилницата беше фокусирана на следните теми:

• Размена на искуства во спроведувањето на општинската ПЕТ програма за собирање на оптад од пакување во Општина Прилеп,
• Воведување на законот за пакување и отпад од пакување, како предуслов за успешно рециклирање, презентирана од г-ѓа Јадранка Иванова и Ленче Ќурчиева од МЖСПП.

На крајот на работилницата, Г-дин Златко Ристески, директор на ЈКП "Комуналец" - Прилеп беше назначен како ментор, и понатаму да им помогне на општините и јавните комунални претпријатија на кои им недостасува искуство во имплементирање на програмата, и тоа на:

  • ЈКП Крушево, застапуван од г-дин Велко Крстески
  • ЈКП Демир Хисар, застапуван од г-дин Пецо Каловски
  • ЈКП Кривогаштани, застапуван од г-динот Тони Рувчески
  • ЈКП Долнени, застапуван од г-дин Аднан Мехмети
    На работилницата присуствуваа претставници од општините и јавните комунални претпријатија од Пелагонсикиот Регион заедно со претставниците од бизнис секторот кои произведуваат отпад од пакување, како и други заинтересирани страни.

    Следните теми беа презентирани:

    • Г-дин Златко Ристески, го престави системот за колекција на отпад во градот Прилеп, поддржан и делумно финансиран од УСАИД Проектот за рециклирање на пластика. Тој ги објасни придобивките од системот: почист град, помалку рефус материјал депониран во депониите и значителен приход на средства во локалниот буџет од продажбата на материјалите за рециклирање. Малите трошоци за превоз и намалување на загадувањето на животната средина исто така се придобивките на системот. Тој, исто така, изкажа подготвеност да им помогне на другите општини од регионот да се спроведе сличен систем, не само за ПЕТ, туку и за другиот отпад од пакување, бидејќи законот за пакување и отпад од пакување е веќе во сила. Затоа тој ги покани сите заинтересирани да го контактираат како би им го пренел своето знаење и искуство.

    • Работилницата беше проследено со презентација на Законот за пакување и отпад од пакување,
    По тој повод, презентерот, Г-ѓа Јадранка Иванова од Министерството за животна средина и просторно планирање (исто така еден од авторите на овој закон) го презентираше законот за трговските друштва и ги објасни обврските и одговорностите во поглед на отпадот од пакување, стандарди кои треба да се постигнат, систем за преработка и рециклирање и информирањето на потрошувачите.
Г-ѓа Јадранка Иванова честиташе на напорите на УСАИД во подигање на свеста и знаењето во рамките на системот за управување со отпадот во различни региони, и целосно ја поддржа нашата Работилница и идните активности. Настанот беше медиумски покриен од страна на ТВ “Канал Визија” во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот регион.
|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
    « архива    
Галерија на слики/видео
Контакт