ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад

УСАИД поддржува размена на искуства за зајакнување на капацитетите на општините за спроведување на општинска програма за рециклирање ПЕТ амбалажа

На 8 април 2011 година, УСАИД проектот за рециклирање ја организирaше првата од трите работилници фокусирани на размена на искуства помеѓу општините во спроведување на општинската програма за собирање ПЕТ амбалажа и воведувањето на законот за пакување и отпад од пакување. Преставници од  општините, јавните комунални претпријатија, фирми кои произведуваат отпад од пакување и претставници на граѓанското општество од Полошкиот регион-Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште, како и студенти од Штуловиот универзитет од Тетово активно учествуваа во дискусиите на работилницата. Работилницата беше организирана во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во соработка со УСАИД проектот за рециклирање и партнер невладината организација "Сонце" од Тетово.

Презентациите и дискусиите беа фокусирани на неколку аспекти важни за одржување на општинската ПЕТ програмата и тоа на: создавање јавно-приватни партнерства, интегрирање на неформалните собирачите на отпад во формалниот систем за управување со отпад, размена на искуства со европските земји, улогата на зголемувањето на јавната свест итн. Учесниците изразија особен интерес за време на презентацијата на г-дин Дамир Павошевич, извршниот директор на Еко-Флор, Јавното претпријатие со седиште во Полошкиот регион и г-дин Игор Макалоски, заменик-менаџер во ПАКОМАК првата овластена фирма за управување со отпад од пакување. Додека Г-дин Павошевич ги претстави успесите во спроведување на програмата за собирање на ПЕТ во општините Ѓорче Петров, Неготино-Полошко, Теарце, Јегуновце и Брвеница, г-дин Макалоски ги претстави активности на Пакомак и можностите за соработка со општините.

На следните работилници ќе треба да се соберат општините и другите релевантни претставници од секторот за управување со отпад во Пелагонискиот регион и Беласица. Како би се обезбедил систем на менторство за сите региони,  ќе бидат назначени ментори за секој регион.

Во Полошкиот регион како ментори ќе бидат следните лица:

• Д-р Муртезан Исмаили, директор на Институтот за животна средина и здравје  при Универзитетот на ЈИЕ, Тетово
• Г-дин Дамир Павошевич, извршниот директор на Еко-Флор, ЈКП во Полошкиот регион
• г-дин Игор Макалоски, заменик-директор, Пакомак првата овластена компанија за управување со отпад од пакување
• Г-дин Сауби Демири, општински инспектор за животна средина, Општина Брвеница

Меѓународниот ден на Ромите се прослави во Тетово

УСАИД проектот за рециклирање заедно со НВО "Сонце" од Тетово и Универзитетот на ЈИЕ на 8 Април 2011 год.  заеднички го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите.. Неформални собирачи, главно Роми, имаат клучна улога во одржувањето на индустријата за рециклирање во Македонија. Овој настан беше можност за подигање на свеста за значењето на формализирањето на нивните активности во управувањето со отпад и систем како и за многу проблеми со кои се соочува оваа популација.

Второ Know-how - како работилница се одржа во Пелагонискиот Регион.
Работилницата се одржа на 15 април 2011 година во Битола. УСАИД проектот за рециклкирање организираше настан во соработка со Општина Битола. На настанот присуствуваа претставници на општините, јавните комунални претпријатија, претставници на граѓанското општество, бизнис секторот кој генерира отпад од пакување како и преставници од општините Прилеп и Битола.

Законот за пакување и отпад од пакување беше презентиран од г-ѓа Јадранка Иванова и г-ѓа Ленче Ќурчиева од Министерството за животна средина и просторно планирање, а искуствата во имплементирањето на општинската ПЕТ програма и колекција беа презентирани од г-дин Златко Ристески, Директор на ЈКП " Комуналец "- Прилеп и г-дин Зоран Соклевски, технички директор на ЈКП" Комуналец "-Битола. И двајцата директори беа именувани како ментори за цел да им помогнат на општините во Пелагонискиот регион во воспоставување или зајакнување на нивните програми за рециклирање на отпадот.

|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
    « архива    
Галерија на слики/видео
Контакт