ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад

УСАИД проектот за рециклирање организираше обука за неформалните собирачи на отпад од пакување

На 01.04.2011, УСАИД проектот за рециклирање организираше обука за неформалните собирачи на отпад од пакување. Обуката беше организирана во Куманово, во просториите на невладината организација "Врамаси".

Целта на обуката за Бизнис знаења-вештини беше пренесување на важни информации на неформални собирачи за идните промени на системот за управување со отпад од пакување и нивната клучна улога и учество во неа. На обуката присуствуваше група од 21 неформален собирач од Куманово.

 

Г-дин Ајнур Сулејман, претставник на УСАИД Проектот за рециклирање пластика и модератор на обуката  кратко го презентирашепроектот и ги престави целите и активностите на истиот, тој понатаму истотака го објасни формирањето и улогата на Националната платформа за интеграција на неформалните собирачи.

Г-дин Александар Тиквешански, прво објасни каков систем за интегрирање на неформалните собирачи ќе биде воспоставен  во Скопје и дека сличен систем ќе биде воспоставен и во Куманово земајќи ги во предвид локалните специфики и навики. Како би успеале нивниот бизнис да го направат поефективен , легален и одржлив потребна е соработка со  ЈК Претпријатие од Куманово (формално вработување). Беше претставена нацрт верзијата на картите за идентификација за неформални собирачи, со што се објасни дека со тоа ќе се реши проблемот со казнувањето од страна на полицијата и дека определените мрежни контејнери ќе ги опслужуваат легално.

Г-дин Тиквешански ги претстави активности и механизмите на соработка со неформални собирачи на Пакомак. Во оваа презентација тој спомена дека проектираните количини на отпад од пакување кои  треба да се наплатат од Пакомак се многу повеќе од сегашните собрани количини. Овој факт ги охрабрува неформални собирачи  и гарантира за нивната целосна вклученост во процесот. Им беше кажано дека Пакомак изрази подготвеност да ги апсорбира (купи) сите количества на разни отпад од пакување врз основа на пазарните (конкурентни) цени  дури и  да додаде одредена субвенција на цената. Во текот на оваа сесија беа пренесени повеќе информации за протокот на отпадот и условите на плаќање. Ова беше од посебен интерес за собирачите на отпад.

Г-дин Рамис Османовски, во име на Врама си даде краток вовед и известување за скорешните разговорите со ЈКП и со Општина Куманово, и нивната подготвеност и желба за поддршка на проектот за интеграција на неформалните собирачи на смет.


Неформалните собирачи активно ја следеа обуката, поставија многу прашања на кои делумно добија  одговор и понатаму беа советувани да ги контактираат одговорните од невладината организација и од персоналот на УСАИД проектот за рециклирање за дополнително објаснување .

Најчесто поставувани прашања:
Каков вид на соработка ќе биде меѓу нив и ЈКП и кога тие ќе ја потпишат таа соработка?
Како ќе бидат вработени во Јавното Комунално претпријатие? Дали ќе ги изгубат нивните социјални бенефиции?
Колкав е бројот на мрежни контејнери кои ќе бидат опслужувани по човек? Како ќе бидат платени? Што е со казните од полицијата: реметење на јавниот ред и мир.

|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
    « архива    
Галерија на слики/видео
Контакт