ВЕСТИ:   08 Април 2011, Размена на искуства во спроведувањето на општинската програма за селекција на пластичен отпад

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Формирано Здружение на неформални собирачи на секундарни суровни

Заради надминување на недостатокот од адекватна социјална и правна заштита на неформалните собирачи на отпад, зајакнување на нивната улога во секторот и подобрување на нивните деловни резултати, Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД ја поддржа иницијативата на неформалните собирачи на отпад да формираат здружение кое ќе работи во насока на исполнување на овие цели на повисоко – институционално ниво. >>>.

Првите неформални собирачи на отпад добиваат правно признание во Македонија

На 9 јуни, 2011, 19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање. >>>.

погледнете ја видео презентацијата
Работилница за трансфер на знаење и размена на искуства за зајакнување на капацитетите на општините за спроведување на Општинска програма за селeкција на ПЕТ од регионот на Пелагонија - Прилеп, 29/04/2011
Работилницата беше фокусирана на следните теми:

* Размена на искуства во спроведувањето на општинската ПЕТ програма за собирање на оптад од пакување во Општина Прилеп,
* Воведување на законот за пакување и отпад од пакување, како предуслов за успешно рециклирање, презентирана од г-ѓа Јадранка Иванова и Ленче Ќурчиева од МЖСПП. >>>
УСАИД поддржува размена на искуства за зајакнување на капацитетите на општините за спроведување на општинска програма за рециклирање ПЕТ амбалажа
На 8 април 2011 година, УСАИД проектот за рециклирање ја организирaше првата од трите работилници фокусирани на размена на искуства помеѓу општините во спроведување на општинската програма за собирање ПЕТ амбалажа и воведувањето на законот за пакување и отпад од пакување. Преставници од  општините, јавните комунални претпријатија, фирми кои произведуваат отпад од пакување и претставници на граѓанското општество од Полошкиот регион-Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште, како и студенти од Штуловиот универзитет од Тетово активно учествуваа во дискусиите на работилницата. Работилницата беше организирана во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во соработка со УСАИД проектот за рециклирање и партнер невладината организација "Сонце" од Тетово. >>>
УСАИД проектот за рециклирање организираше обука за неформалните собирачи на отпад од пакување

На  01.04.2011, УСАИД проектот за рециклирање организираше обука за неформалните собирачи на отпад од пакување. Обуката беше организирана во Куманово, во просториите на невладината организација "Врамаси". Целта на обуката за Бизнис знаења-вештини беше пренесување на важни информации на неформални собирачи за идните промени на системот за управување со отпад од пакување и нивната клучна улога и учество во неа.
На обуката присуствуваше група од 21 неформален собирач од Куманово.>>>

|  English  | Shqip |
Дома
За проектот
Активности
Едукација
База на податоци
Календар на настани
    Октомври 2011
    Н П В С Ч П С
    « архива    
    25 26 27 28 29 30 1
    2 3 4 5 6 7 8
    9 10 11 12 13 14 15
    16 17 18 19 20 21 22
    23 24 25 26 27 28 29
    30 31 1 2 3 4 5
Галерија на слики/видео
Контакт